Доделена наградата „Зборот на Конески“ на новинарката Марија Латиновска од ТВ 24
Во родната куќа на Конески, во селото Небрегово, во рамките на манифестацијата „Зборот на Конески“, на новинарката Марија Латиновска од Телевизија 24 ѝ беше врачена наградата „Зборот на Конески“ за зачувување и продолжување на ликот и делото на Блаже Конески. Во емисијата за култура „Неделен микс“ таа третира теми кои се фокусираат на мисијата на големиот Конески - да се негува и правилно користи македонскиот стандарден јазик.

