Доделена наградата „Никола Младенов“ – пофалница за новинарот на тв24 Сунаи Сабриоски
Foto

Доделена наградата „Никола Младенов“ – пофалница за новинарот на тв24 Сунаи Сабриоски

Наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2018 година што ја доделува Македонскиот институт за медиуми, ја доби новинарката Славица Филиповска. Таа е наградена за серијалот истражувачки стории на тема „Депоните со линдан во и надвор од фабриката Охис“ објавени во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија.„Таа е силен ветер во грб на патот којшто сме го одбрале. И како што рече Младенов, на тој пат нема компромис“. - вели Славица Филиповска новинар.
Според жири-комисијата, сторијата на Филиповска третира исклучително значајна тема од јавен интерес која е обработена на квалитетен и професионален начин.
„Преку сеопфатно истражување речиси во текот на целата 2018 година и обработка на податоци од релеватни извори за штетните влијанија на линданот, новинарката обелоденува дека иако институциите имале сознанија за депонијата, досега ниту една власт не презела никакви мерки. Комисијата смета дека направената сторија третира исклучително значајна тема од јавен интерес која е обработена на квалитетен и професионален начин. Новинарката демонстрирала истрајност и континуитет во следењето на приказната откривајќи сериозни системски слабости во однос на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните на Скопје“. - вели Билјана Петковска – директорка на МИМ.
Втората награда ја доби Евис Халили Мемедалија за серијалот текстови за злоупотреби во рамки на Националната програма за култура за 2018 објавени во дневниот весник „Коха“, а третонаградена е Елена Коловска за истражувањето за долгот на 20-те најзадолжени општини пред локалните избори во 2017 година. МИМ им додели и профалници на новинарите Сунаи Сабриоски, Марија Митевска и Дарко Шарговски.
„Многу ми значи оваа пофалчница со оглед дека ја добивам како млад новинар кој се втурнува во истражувачки стории значајни за граѓаните и за целата јавност.“ - изјави Сабриоски - новинар.
На годинашниот конкурс се пријавија 30 автори со 45 стории објавени на телевизии, дневни весници, неделници и интернет портали.

0 Коментари

Остави коментари