Додека училиштата ги чекаа протоколите на МОН, сами почнаа да се подготвуваат за старт на учебната година

Некогаш прв училишен ден, сега  празни училници. Во најголемото основно училиште во Штип денес на работа се само наставниците. Се даваат насоки за тоа како ќе тече наставата и што треба да прават наставниците, а што родителите и децата во корона услови.

Иако протоколите дозволуваат во иста училница да има по 20 ученици во ова училиште и одделенијата ќе се делат на групи.

Од општина Штип велат дека сите училишта ги исполнуваат крутериумите на МОН. Училниците се над 20 квадратни метри, а добро поминала и симулацијата на наставен час за подобро функционирање на онлајн наставата. Интерните анкети на училиштата во Штип покажуваат поделеност на родителите. Дел се за физичко присуство, дел за онлајн настава.

Ставовите се разликуваат од училиште до училиште. На пример во „Гоце Делчев“ 97 % на родителите чии деца се до пето одделение сакаат физичко присуство, додека во Тошо Арсов најголемиот дел се за онлајн настава. Процентот опаѓа за погорните одделенија.“ - велат од општина Штип

Сепак од ОУ Вано Прќе каде учат 1200 ученици се со став тешко може да се почитуваат протоколите ако сите ученици почнат со настава во училиштата. А бидејќи МОН доцни со подготовките за онлајн настава ова и неколку други училишта сами со подршка на штипскиот универзитет изработија платформи и почнуваат со обуки на наставниците.

Училиштата ќе бараат наставата со физичко присуство на учениците да се реализира во подрачните училишта и за децата со посебни образовни потреби.