Доцни повратот на ддв за бизнисот
Бизнисот со години го чека повратот на ДДВ. Стопанските комори алармираат дека веќе им е нарушена ликвидноста на компаниите. Стопанствениците потсетија дека во Македонија на сила е Законот за финансиска дисциплина кој предвидува санкции ако компаниите навремено не си ги подмират давачките кон државата.
Но, сега прашуваат, до кога државата ќе треба да ја чекаат да игра според правилата.
„Имаме членки кои ни кажуваат дека 12 месеци, 14 месеци па и 16 месеци немаат дпобиено ниту денар, а тоа им следува законски бидејќи тоа е нивно. Не може да плаќаат два пати ДДВ. Затоа ни требаат институции, требаљ да се почитува законот. Не може за некој да важи а за некој не.“ - Дурим Зеќири Извршен директор на Стопанска комора на северозападна Македонија.
Работодавачите уште еднаш и порачаа на владата да го слушнат гласот на бизнисот, само на тој начин ќе се испорачаат позитивни резултати. Веруваат дека во периодот што следи Владата ќе си ја заврши својата обврска. Сериозно тешка е состојбата во текстилната индустрија која најчесто работи за странските пазари.
„Тие компании немаат поврат на ДДВто во нивните буџети, што значи дека нивната ликвидност е намалена и моравме да реагираме до владата и да воочиме дека овие компании се трудоинтензивни плаќаат ДДВ при увоз и проблемот им е немање на финансиски средства за основното работење, исплата на плата и нормално функционирање.“ - Владанка Трајковска претседателка на Организација на работодавачи.
Од УЈП ни соопштија дека најдоцна до утре ќе ни ги испратат прецизно податоците, колку државата доцни по основ на ДДВ за компаниите. Но, кога ќе започне исплатата тоа засега не се знае. Според проценките државата на околу 1500 компании им должи сума од 250 до 300 милиони евра.