Доцни повратот на ДДВ, неодобрените побарувања се во износ од 1,7 милијарди денари

Повратот на ДДВ доцни. Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова вели дека неодобрените побарувања за ДДВ кои биле наталожени од минатите години изнесуваат 1,7 милијарди денари, или околу една третина од вкупниот поврат на ДДВ.

Таа не кажа кога компаниите може да го очекуваат повратот на ДДВ, туку истакна дека паралелно се прават и потемелни анализи, во кои се опфатени и нивото на дејност, како и на ниво на даночен обврзник, а со цел да се превенираат сите можни ризици, кои можат да се јават со повратот на ДДВ и испумпувањето на буџетски средства.