Доцни издавањето сведителства за учениците
Foto

Доцни издавањето сведителства за учениците

Крајот на учебната година донесе нови грижи за учениците, наставниците и родителите, има недостиг од свидетелства во основните и средните училишта.

Деветто одделение и четврта година средно образование ги добија сведителствата, што значи дека ќе можат да продолжат со уписите, но останатите ученици од непознати причини, во овој период нема да ги добијат своите сведителства. 

Бирото за развој на образованието им соопшти на училиштата дека поради пандемијата сведителствата на останатите ученици ќе им бидат поделени до крајот на годинава, и дека за точниот датум ќе бидат дополнително известени. 

Имајќи предвид дека училиштата во вакви услови не можат да организираат настани за делење на свидетелства, ве известуваме дека оваа учебна година свидетелствата ќе им бидат дадени на учениците до крајот на оваа година, врз основа на член 138 став 5 од Законот за основно Образование 

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, смета дека не е сериозен проблем што ќе доцнат сведителствата, но дека е подобро да се поделат веднаш. Тој вели дека според нивни информации се работи за нереализирана тендерска постапка. 

Проблемот со сведителствата излезе на крајот на најневообичаена година, практично кога речиси цела учебна година се одржуваше со онлајн настава поради спречување на ширењето на пандемијата со ковид-19.

 

0 Коментари

Остави коментари