Доцни исплатата за социјална помош
И денеска банкарските сметки на најранливата категорија граѓани остана празни. Веќе десетина дена доцни исплатата за социјална помош, детски додаток, социјална пензија, туѓа нега, но и за сите додатоци за луѓето кои се на работ на егзистенција.
Дел од граѓаните за тв 24 велат и минатиот и овој месец исплатата доцни, порамнувањето кое го добиле поради покачување на цените е укинато, а институциите молчат за проблемот.

