Доцнат субвенциите за земјоделците
Оризопроизводителите се уште не ги добиле субвенциите за 2025 година. Поради доцнењето на исплатата велат дека не може да се подготваат за новата реколта бидејќи препаратите за производство се поскапени и тоа им е дополнителен трошок.
Па затоа, бараат итна исплата.
Тони Максимов, оризопроизводител
- За 2025 се уште не се исплатени субвенциите очекуваме оваа недела да ги исплатат бидејќи се неопходни и треба час поскоро да ги исплатат. Со покачување на нафтените деривати ние земјоделците сме најмногу оштетени бидејќи покачени се и вештачките ѓубрива и препаратите за производство на ориз. Доколку ги каснат субвенциите секој ден ние не можеме да ги набавиме препаратите за производство и не ќе можеме да произведуваме за наредната реколта.
Во меѓувреме, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска ја промовираше кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“ преку која како што рече ќе се посетат над 30 општини и 120 населени места. Преку капмањата, спроед Трипуновски ќе се слушнат предизвиците со кои се соочуваат земјоделците но и ќе се презентираат и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство.
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- На овие средби ќе се разговара за реалните предизвици со кои што се соочуваат македонските земјоделци, ќе се слушнат нивните предлози и идеи, но ќе се презентираат и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство, производството и сето она што е сработено измнативе речиси две години мандат на Владата. Преку ова покажуваме и докажуваме дека земјоделците не се само производители, туки тие се двигатели на руралниот развој.
Според Максимов, освен владините кампањи потребно е државата да се погрижи за земјодлеците да имаат поголема продажба на своите производи во Македонија но и да се овозможи граѓаните да имаат увид дека купуваат од домашните реколти
Тони Максимов, оризопроизводител .
- Државата мора подобро да се залага и кога ќе дојдат на терен кај земојделците ние ќе кажеме дека секој македонски произво треба да е брендиран и да има баркод дека сум го произведил тој ориз или дека сум го дал на откуп и на таков начин ќе има гаранција за граѓаните дека производот е македонски и е здрав за храна.
Освен оризопроизводителите, не им се исплатени субвенциите за 2025 година и на сточарите. Тие им дадоа рок на институциите до 20 март за исплата. Во спротивно најавуваат и протести.

