Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка
Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост во земјава, обвинуваат од Коалицијата „Менуваме“.
Оттаму ги повикуваат надлежните институции во најкус можен рок да излезат со конкретни мерки за надминување на состојбата.
Тонско: Суаред Алишан, Коалиција „Менуваме“
ТАЈМ КОД: 04:48–05:19
Дел од личните асистенти оценуваат дека е крајно нехумано да им се ускрати правото на лична асистенција на лицата со попреченост. Истовремено, тие посочуваат дека за обезбедените услуги не добиваат навремен паричен надомест, кој доцни повеќе од три месеци. Поради тоа, најавуваат можност за организирање штрајк доколку обврските не бидат подмирени во разумен рок.
Тонско: Весна Пешевска, негувател
ТАЈМ КОД: 08:09–08:24
Родители на лица со попреченост, исто така, апелираат до институциите итно да се изнајде решение за состојбата, велат дека секојдневно се соочуваат со сериозни предизвици и тешкотии во обезбедувањето соодветна грижа.
Тонско: Зоран Велевски, родител на лице со попреченост
Министерството за труд и социјална политка ги демантира тврдењата на Коалицијата „Менуваме“ дека часовите за личните асистенти се намалуваат незаконски. Според министерството, обемот на услугата се определува преку решение од Центарот за социјална работа, кој ги разгледува факторите како поддршка од семејството, вработеност и образованието на корисникот-додека пак исплатата за личните асистенти е во тек...
Телоп: Министерство за труд и социјална политика
,,Корисници на услугата се лицата со попреченост кои што добиле решение од надлежниот центар за социјална работа во кое што се прецизирани давателот на услугата и број на часови на добивање на услугата на корисникот. Решението за користење на услугата лична асистенција го носи Центарот за социјална работа врз основа на претходно преземи процесни дејствија од страна на стручните лица согласно закон и подзаконски акт“ велат оттаму...
Дополнително, од Коалицијата „Менуваме“ обвинуваат и за наводна злоупотреба на лични податоци на лица со попреченост. Според нивните тврдења, овие податоци биле користени од други невладини организации кои, како што наведуваат, биле фаворизирани.

