Доцнат исплатите на социјално загрозените граѓани, ранливите групи, исплатите за туѓа нега, министерството за труд вели – ќе биде
Доцнат парите за најранливата категорија граѓани. Се уште нема исплата за социјална помош, детски додаток, социјална пензија, туѓа нега, но и за сите додатоци за луѓето кои се на работ на егзистенција.
Граѓаните лично во центрите за социјални работи и Фондот за здравсто - бараат одговори за проблемот, но службите велат ни креваат раменици.
Вријат и социјалните мрежи. И официјалната Фејсбук страница на Министерството за социјална политика демографија и млади - е преполна со коментари од граѓаните кои револтирано реагираат за доцнењето и бараат што поскора исплата.
Коментари на Фејсбук
„Се гледа колку ви е грижа за народот,
„Најголемо насилство е да ги лажеш сиромашните.“
„Само со протести се решава проблемот“
„Срам да ви е се уште не се пуштени средствата“
Од Министерството социјална политика демографија и млади без информации зошто се доцни со исплата, но со уверување дека за скоро помошта ќе биде исплатена.
Министерство за социјална политика демографија и млади
- Министерството за социјална политика демографија и млади, информира дека целата постапка околу подготовката на исплатата на правата од социјална и детска заштита е завршена од страна на службите на министерството. Воедно известуваме дека се очекува исплатата да биде реализирана во најкраток можен рок.
Низ годините значително се зголемува борјот на приматели на социјална помош. Последните статистики говорат дека над 33 илјади е бројот на семејства кои живеат од одредена социјална помош.

