„Добро утро на сите освен на пратениците“ – синдикална блокада на Собранието
Добро утро на сите освен на пратеницит. Блокирано Собрание, сплотени работници. Сојузот на синидикатите на Македонија заедно со работниците денеска два часа ги блокираа двата влезови на законодавниот дом.
Целта на блокадата пред Собрание, според ССМ, е пратениците да не може да дојдат со возила на работа и да наплатат патни трошоци но и да се соочат очи во очи со работниците бидејќи веќе две години ја блокираат иницијативата на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 600 ерва.
Присутните граѓани од пред вратите на законодавниот дом им порачаа на пратениците да не ги игнорираат нивните барања, да не даваат ветувања и лажни изговори.
Сметам дека ова што сега се случува не е добро и објаснувањата кои ги даваат веќе никој не им верува и се покажало неколку пати дека тоа се лажни изговори.
Очекувањата се пратениците да го стават нашиот предлог на дневен ред но досега од претходното искуство мислиме дека нема да се одважат на нашите барања и да ги постават на пратенички прашања или во закон
Игнорантскиот однос кој досега го имавме од сите иснтитуции и она што Владата ескивира да биде посредник во сите овие преговори, кажува дека ние од приватниоот сектор треба да се договориме со работодавачите.
Претседателот на Сојузот на Синидкатите на Македонија, Слободан Трендафилов им порача на пратениците дека доколку на денешната седницата не предложат зголемување на минималната плата, ССМ ќе собере 10 000 потписи и ќе побараат намалување на пратеничките и функционерските плати.
Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
- Моите информации се дека голем дел од пратениците станале рано утринава за да дојдат на работа пред 9 часот за да не соочат со работниците затоа што се срамат од нив, се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работниката плата а од друга страна пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2% колку што си пресмеат гувернерот на народна банка дека се зголемува просечната плата во 2025 година туку и за 12,6% затоа што уставниот суд голема е веројатноста да ја укине одредбата од претходната година.
Освен Собранието, во четврток синдикатите ќе го блокираат и Сојузот на стопанските комори а наредниот вторник ќе се преселат пред Влада. Доколку и понатаму не бидат прифатени нивните барања, најавија и генерален штрајк.

