Добриот, лошиот и грдиот

Филмот говори за тројца мажи кои бараат, често на сметка на оној другиот, информации за локацијата каде се закопани парите на војската на Конфедерација за време на Американската граѓанска војна. Првиот лик со кој се запознаваме е Туко, т.е. „Грдиот“, за кого е распишана потерница со награда заради разни злосторства. Туко е ортак на Блонди („Добриот”), кој во една прилика го предава на шерифот, ја зема наградата и го спасува Туко, а потоа двајцата ја делат наградата. Во меѓувреме, третиот човек, Ангелски очи, т.е. „Лошиот“, дознава за скриеното злато кое е во рацете на војникот од војската на Конфедерацијата, Бил Карсон.