Добар дел од храната веќе е луксуз за граѓаните

Податоците за стапката на инфлација само ги потврди критиките на граѓаните кои секојдневно ги анкетираме и кои велат дека од ден на ден се потешко се живее.  Високите цени на основните прехрамбени производи се жалат дека полека им стануваат луксуз.  Иако бројките покажуваат раст на инфлацијата од 4,5 проценти во октомври,  сепак најмногу се чувствува поскапувањето на храната за околу 7 проценти на годишно ниво. Секое покачување на цените е дополнителен товар врз грбот на граѓаните.

Јас одам на пазар секој ден и страшно е поскапено се. Сите се поскапени основни производи, сите, нема што не е поскапено, коментираат скопјани.

Не би рекол дека може, поскапено е се ама и секој ден ги покачуваат цените а македонската плата е мала не сме во Германија па покачуваат нон стоп, вели анкетиран граѓанин.

Основни производи конкрето да кажеме, сирење кашкавал не зборуваме за сувомеснати производи, но реално и тие отидоа далеку. 80% од нив се луксуз, веќе се луксуз за голем дел од населението се луксуз, се жалат граѓаните.

Па исто како досега мислам дека не се многу зголемени барем од она што може да се види и процени на тезгиве. 

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски во вчерашното гостување во Трилинг на Телевизија 24 рече дека економијата не се движи по вистинската патека. Оваа власт мора повеќе да се фокусира на економија бидејќи на тој начин би се намалила инфлацијата и дупката во државната каса.  

Никола Поповски, пораенешен министер за финансии: Растот на буџетот треба да се диференцира што е раст на растот на  бдп во номинален износ вклучувајќи ја и инфлацијата и заради тоа расте и делот на одвојувањето за буџет а што е реален раст, тоа се гледа преку учеството на јавната потрошувачка во јавниот бдп. Вториот показател е дефицитот, нема друго освен задолжување за дефицитот да го форсирате, друго е да  продавате национално богатство, шуми јавни претпријатија но тоа е една година и после тоа ги немате. Ќе биде 100% задолжување оваа година според нацрт буџетот што е јавно прикажан. Тоа задолжување ќе има цена, јавниот долг веројатно малку ќе се зголеми.

Синдикалната минимална кошница за  октомври годинава, според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, изнесува 65.544 денари, што претставува зголемување од 467 денари во однос на септември, кога кошницата изнесуваше 65.077 денари. Најголемо зголемување е забележано кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври изнесуваат 23.772 денари, односно повисоки за 378 денари во споредба со претходниот месец.