До сабота пеколни температури

До сабота  ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули.  Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање.