До крајот на годината бројот на вработени во текстилството би можел да се преполови
Foto

До крајот на годината бројот на вработени во текстилството би можел да се преполови

До крајот на годината бројот на вработени во текстилството би можел да се преполови. Заштитните маски и скафандери ги спасија фирмите од првиот удар на корона кризата, но и за нив нарачките се намалуваат.

Дури и производството на заштитни униформи оди надолу, поради тоа што со месеци беа затворени хотелите и рестораните, а отпуштања има и во другите сектори. Според статистика, во Април година текстилството останало без 10 % од вработените.

Во Европа голем број граѓански здруженија почнаа кампања за подршка бидејќи сметаат дека брендовите што сега ги намалуваат нарачките имаат одговорност кон вработените кои со години шиеле за нив. Кон иницијативата се приклучуваат и од Гласен текстилец од каде се свесни дека ќе има отпуштања, но бараат тоа да се прави со почитување на Законот за работни односи, а работниците да не бидат приморани да потпишуваат трансфер на договорите од неопределено на определено време или спогодбени откази.

И Анлализата на Текстилниот кластер за ефектите од пандемијата не нуди многу оптимизам за оваа гранка, посебно таа со овој интензитет продолжи до крајот на годината. Тоа би значело и догодина  помала ликвидност, а поголеми отпуштања, иако штипските текстилци тврдат  дека и покрај негативната кампања за нив, прават се да се поделат што помалку откази.

Корона вирусот веќе привремено затвори повеќе конфекции поради поголем број заразени. По неколку конфекции во Штип, од вчера на двонеделен одмор се и вработени од текстилна фабрика во Пробиштип.

0 Коментари

Остави коментари