„До атентатот и по него“ - книга на Стојан Андов

Политичарот и поранешен претседател на собранието Стојан Андов по повод избраните дела во 10 тома во салонот на „Клуб Матица“ се сретна со читателите на кој им потпишуваше и примероци од најновата книга „До атентатот и по него“. Тој посочи дека последната книга е проширена верзија на книгата на мој начин, која е издадена во 2002 година. Книгата ја прочитал и поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, истакна Андов.