До 18 часот 14 пожари на отворено на територијата на Македонија - еден активен, четири под контрола, девет изгаснати

Продолжува битката со пожарите. Втор ден гори во близина на Кавадарци. Огнената стихија е под контрола но поради високите температури, постои опасност од повторно активирање на поединечни жаришта.

Зафатена е површина од неколку километри, претежно нискостеблеста шума и ниска вегетација, а во гаснењето покрај противпожарни екипи од Кавадарци и Неготино, помагаат и армиски и полициски хеликоптери како и ер трактори.

 Стојанче Ангелов -  директор на Дирекцијата за заштита и спасување

„Најтежок којшто вчера беснееше на територијата на државата е пожарот којшто се одвиваше на подрачјето зад нас, на територијата на општина Кавадарци. Во текот на вчерашниот ден овде дејствувавме со два ер-трактори и со полицискиот и со армискиот хеликоптер. Денеска наутро почнавме да дејствуваме со три ер-трактори коишто помогнаа на локалните пожарникари од Кавадарци овој пожар да биде ставен безмалку под целосна контрола “

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат и дека само во текот на вчерашниот ден, во различни делови од Македонија, биле регистрирани 30 пожари.....Најсериозн но и најтежок за гаснење бил пожарот во близина на Кавадарци.. Засега нема пријавено повредени, оштетени куќи, викендички или земјоделски имот.. Постојат сомнежи и дека пожарот можеби е подметнат..

 Митко Јанчев – градоначалник на Кавадарци

 „На нашиот најголем македонски празник Илинден, 2 Август, околу 21 часот, е пријавен пожар на локалитетот Раец, поточно во атарот на Раец спрема Дреново и Ќесендре. Во истиот момент избувнуваат пожари на пет локации коишто се оддалечени една од друга по околу 500 до 700 метри. Значи станува збор за очигледно подметнат пожар  “

 Од центарот за управување со кризи велат дека ВО МАКЕДОНИЈА, ДЕНЕСКА се регистрирани вкупно 14 пожари, од кои еден е активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати...Гори во Општина Ѓорче Петров, кај Стопански Двор, каде што запалена е сува трева и грмушки...Под контрола се пожарите во Општина Кавадарци, на потегот меѓу селата Раец, Ќесендре и Дреново, во Општина Крива Паланка кај селото Мождивњак, во Тетово ,и кај селото Горна Лешница во општина Желино.