До 13 часот 5 пожари на отворено на територијата на Македонија - еден активен, а четири изгаснати

Продолжува битката со пожарите. Втор ден гори во близина на Кавадарци. Огнената стихија е под контрола но поради високите температури, постои опасност од повторно активирање на поединечни жаришта.

Зафатена е површина од неколку километри, претежно нискостеблеста шума и ниска вегетација, а во гаснењето покрај противпожарни екипи од Кавадарци и Неготино, помагаат и армиски и полициски хеликоптери како и ер трактори...

Стојанче Ангелов -  директор на Дирекцијата за заштита и спасување 

„Најтежок којшто вчера беснееше на територијата на државата е пожарот којшто се одвиваше на подрачјето зад нас, на територијата на општина Кавадарци. Во текот на вчерашниот ден овде дејствувавме со два ер-трактори и со полицискиот и со армискиот хеликоптер. Денеска наутро почнавме да дејствуваме со три ер-трактори коишто помогнаа на локалните пожарникари од Кавадарци овој пожар да биде ставен безмалку под целосна контрола.“ 

Од ирекцијата за заштита и спасување велат и дека само во текот на вчерашниот ден, во различни делови од Македонија, биле регистрирани 30 пожари.....Најсериозн но и најтежок за гаснење бил пожарот во близина на Кавадарци.. Засега нема пријавено повредени, оштетени куќи, викендички или земјоделски имот.. Постојат сомнежи и дека пожарот можеби е подметнат..

 Митко Јанчев – градоначалник на Кавадарци

„На нашиот најголем македонски празник Илинден, 2 Август, околу 21 часот, е пријавен пожар на локалитетот Раец, поточно во атарот на Раец спрема Дреново и Ќесендре. Во истиот момент избувнуваат пожари на пет локации коишто се оддалечени една од друга по околу 500 до 700 метри. Значи станува збор за очигледно подметнат пожар.“

Од центарот за управување со кризи велат дека 5 пожари денеска биле пријавени во Македонија, од кои 1 се уште е активен а 4 се изгаснати.. Пожари биле пријавени в општините Прилеп и Теарце каде горела депонија а трева била запалена во селата Глуво и Мирковци.