ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Иако не едногласно сепак со 4 гласа за ДКСК повторно одлучи да постапува по однос на претавката поднесена од кандидатката за претседател на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова во која е наведено дека Академијата за судии и јавни обвинители во време на предизборен процес дозволила полагање и објавила оглас за прием на 130 слушатели.

Ова отвори и денеска расправа на закажаната седница на антикорупциска а ваквиот приговор ги подели и самите антикорупционери иако оваа претставка падна на Управен суд.

Од Академијата за судии и јавни обвинители пак во дискусијата и денеска посочија дека судската власт е иземена како што велат од Изборниот законик и дека преставката на Силјановска била не основана бидејќи како што посочија судската власт не зависи од политиката и изборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд.