ДКСК: Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти од затворен тип

По трагедијата во Кочани антикорупционерите бараат измена и ревизија на Законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување. При направените проверки утврдиле низа пропусти и нерегуларности.

Комисијата меѓу слабостите го наведува уписот на физички лица во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално-техничките услови, проверката на условите за вршење угостителска дејност, постапката и условите за давање лиценца, а велат дека не е јасно и кои дополнителни дејности покрај угостителската се опфатени со Законот. Комисијата утврдила слабости и кај казнивоста.

Висината на казните вели Димитровска не е сразмерна со тежината на можните последици особено кога прекршувањата се однесуваат на заштитата на животот, здравјето и безбедноста на луѓето.Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби и да се примени трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци.

Извештајот од спроведена антикорупциска проверка ќе биде јавно објавен, но ќе биде и доставен до предлагачот, како и до институциите што ги имплементираат и регулираат овие закони.