ДКСК оформила предмети за заменик директорката во агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска соопшти дека Комисијата оформила предмети по добиена претставка за назначувањето на заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и по поднесена претставка од министерот за внатрешни работи во однос на преземените дејствија од страна од претходниот заменик министер, и дека е во тек анализата на документацијата за овие случаи.