ДКСК ќе побара раскинување на договорот за канцелариите на Иванов
Foto

ДКСК ќе побара раскинување на договорот за канцелариите на Иванов

Ѓорѓе Иванов ќе треба да се исели од луксузните канцелрии во комплексот на Џеваир кој тој сам си ги одбра откако му истече десет годнишниот мандат како претседател на државата. Државната комисија за спречување на корупцијата заклучи дека просториите не биле избрани преку транспарентна постапка, а притоа најмени се од блиско лице до Иванов. Освен за Иванов раскинување на договорот за наем на канцеларии Антикорупционерите ќе бараат и за Црвенковски. Двајцата поранешни претсдатели ќе треба да се сместат во државни канцеларии со што би се заштедиле 4 500 евра секој месец. Само за кирии и режиски трошоци за поранешните претседатели на државата, во изминатите 10 години од државниот буџет потрошени се 1,1 милион евра.

Истражувајќи какви привилегии уживаат поранешните претседатели од другите држави, особено од нашето опкружување, дојдовме до заклучок дека во ниту една држава не најдовме ваков пример на доживотни привилегии и трошење на значителни буџетски средства. Во нашиов случај имаме двајца поранешни претседатели и едно семејство на починат претсдател. Овој луксуз доаѓа до израз посебно што се случува во сиромашна држава каква што е нашата.

Антикорупционерите ќе побараат од Уставниот суд да испита дали се уставни привилегиите на поранешните претседатели, а од Собранието ќе побараат нивно ограничување.

Антикорупционерите инситистираат и на дополнително објаснување зошто Надзорните и Управните одбори во МЕПСО и во ЕЛЕМ не утврдиле одговорност кај дирекеторите, кои беа сменети поради непотизам и вработување на синот на пратеничката Мира Стојчевска и на сестрата на министерот Бектеши.

Антикорупциска ја отфрли претставката на просветниот инспектор поради ненадлежност. Членовите на Комисијата не препознаа конфликт на интереси во тоа што ќерката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, добила државна стипендија од 40.000 долари за студирање во Холандија, зашто секој кој ги исполнува условите има право на стипендија.

0 Коментари

Остави коментари