ДКСК до локалната и централната власт: Да запре нелегалното градење пред очите на институциите
Foto

ДКСК до локалната и централната власт: Да запре нелегалното градење пред очите на институциите

Зграда во скопско Дебар Маало почнала да се гради спротивно на градежната дозвола - надлежните со решение утврдиле пропусти кај инвеститорот, но тој потоа успеал да ја усогласи дозволата и да продолжи со градба, аминува од локалната власт.

Ова е само еден од примерите кои го посочија антикорупционерите за градежното дивеење. 

„Кога овластениот градежен инспектор излегол на лице место кој констатирал дека градбата не е во согласност со одобрението за градба, го известил инвеститорот, ја известил општината по што инвеститорот подоцна побарал да му се даде одобрение односно решение за измени во градбата и тоа општината врз основа на закон бидејќи законот предвидува таква можност и го направил тоа.“ - вели Владимир Георгиев - член на ДКСК.

Паркингорт наспероти „Холидеј ин“ го посочија како најкрупен во урбанистичкиот хаос за што побараа побрза реакција од Обвинителството.

„Ако ви текнува во општина Центар плановите беа потпишани од службените лица на деталниот урбанистички план Ц08 не беше во согласност со генералниот урбанистички план, беа потпишани службени лица и од општината и од  Град Скопје и од Министерство за транспорт и врски евге па ние дадовме кривична пријава за тоа - каде е јавното обвинителство да изреагира на тоа?“ - вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. 

Не само во Скопје, прекршување на законите и градењето на диво пред очеите на институциите има и во други градиви, Штип, Охрид, Гостивар и други градови.

„Јавно го повикувам министерот Бочварски задачата што му ја дадовме на средбата Блок9 и 16 во Гостивар дали поминале без потпис на сообраќаен инжинер кој е задолжен за патиштата дали се по стандарди или и таму е зацртано по желба?“ - вели Нури Бајрами, член на ДКСК. 

Антикорупционерите го отворија прашањето и за деталниот урбанистички план во опшптина Аеродром кој е пред донесување и се наоѓа во министерството за транспорт и врски да се преипсита. Во меѓувреме, до крајот на оваа недела се очекува новиот прелдог законз а легализација на дивгорадбите да биде ставен ан увид на јавнсота која бурно регираше на претходното решение.

0 Коментари

Остави коментари