Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 29.06.2022 година. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,573%, кај дизелот за 3,326%, кај екстра лесното масло за 3,241%  и кај мазутот има зголемување е за 1,197%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит.

 

Од 2.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95    109,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98    111,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      104,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)            103,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС            53,305 (денари/килограм)

 

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,013%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.