ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ
Foto

ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Дури две третини од жените кои живеат на село немаат ниту пензиско, ниту здравствено осигурување. Иако се по цел ден на нивите заедно со мажите, за системот тие се надвор од пазарот на трудот. Родовата дискриминација во селата е голем проблем, велат од Националната федерација на фармери, која денеска, на Светскиот ден на жените во рурални средини, во Демир Капија организираше трибина на тема „Сопственоста на земјоделското земјиште и имот – предизвик за руралната жена“.

Освен што одгледува овци, Гостиварката Акизе Ризванче е и производител на сирење од органско потекло. Нејзиниот пример е вистинска инспирација за руралната жена, тврдат нејзините колешки.

Ако руралните жени се поддржани и нивните права загарантирани, позитивните ефекти ќе бидат видливи и во семејството и во општеството, велат активистите од оваа област.

Сликата за жените земјоделки во земјава се повеќе се подобрува, тврди директорот на платежната агенција Николче Бабовски.

Учесниците на дебатата им порачаа на родителите во руралните средини да не ги дискриминираат ќерките и имотот да го делат подденакво на своите деца од двата пола.

0 Коментари

Остави коментари