Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска од обвинителската функција
Вилма Русковска да се разреши од обвинителската функција, бара Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител по спроведената дисциплинска постапка против трите јавни обвинителки.
- За поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители.“ - велат од ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РСМ.
За барањето на комисијата Русковска за нашата телевизија изјави дека Ќе се борам до крај со сите средства и не се кае за ништо. Според неа откако не биле прифатени нејзини сведоци и докази, таа веќе знаела дека е донесена одлуката. Комисијата донела одлуки и за другите обвинителки, односно за Ивана Трајчева, која ја заменувала Русковска, сега е казнета со намалување на платата, а Елизабета Јосифовска е ослободена иако таа го потпишала документот за претрес.
- За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда, изречена е дисциплинска мерка - намалување на месечната плата во висина од 30 % од исплатената нето-плата во траење од 6 месеци. За друга јавна обвинителка, пак, комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство. - велат од ЈОРМ.
Трајчева вели дека ќе жали на ваквата одлука ако се однесува на неа. Бидејки се уште не ја добила казната од Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност, а поради претресот во Финансиската полиција за кој претставка поднесе ексдиректорот Арафат Муареми. Трајчева за „Макфакс“ вели дека постапила во согласност со наредбата од Русковска за одлуки кои како предметен обвинител ги донела. Објаснува дека го видела соопштението на Републичкото јавно обвинителство и дека во него не е посочена со име и презиме. Истакнува дека доколку се однесува на неа, не ѝ е јасно како е донесена ваква одлука.
Судирот меѓу Вилма Русковска и поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муамери, резултира со дисциплинска постапка за обвинителките. Муреми за претресот во неговите канцеларии велеше дека не бил во согласност со законот. Дисциплинска беше отворена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот и угледот на институцијата со која раководи. Русковска беше и суспендирана од работа, одлука која таа ја нараче атак врз правото и правдата.