Диригентката Бисера Чадловска одбележува јубилеј 20 години уметничка дејност

Диригентката Бисера Чадловска, утревечер, со изведба на оперската претстава „Боеми” од Џакомо Пучини, ќе го одбележи јубилејот 20 години уметничка дејност на сцената на националната опера и балет.

Таа е меѓу првите жени диригенти во Македонија, но важи и како еден од најплодните македонски оперски и балетски диригенти, со завидна бројка од над 50 оперски и балетски наслови во текот на нејзиното 20-годишно работење како прв диригент во Националната опера и балет.