Директорските смени во здравство на Меџити на нож кај Ковачевски

Во ек на предизборие директорски смени во секторот здравство. Иако беше еден од клучните имиња во игра за министерското столче во ресорот, инфектологот Фадил Цана застанува  на чело на Инфективната клиника.

Цана е кадар од Алијанса за Албанците, а  ја извршуваше функцијата претседател на Управниот одбор на Фондот за здравство.Доаѓа на местото на Милена Стевановиќ која цели седум години ја водеше Инфективната клиника вклучувајќи го и најсензитивниот  период на пандемијата со коронавирусот. Денеска Стевановиќ денеска не одговори на пораките за директорските смени. Таа беше члена на Извршниот одбор  СДСМ, а нејзиното име се споменуваше за градоначалник на Центар. 

Од министерството за здравство преку соопштение информираа дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спроеведни се конкурси во 3 јавно здравствени установи за избор на 4 директорски места“ од каде потенцираат дека сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.

Освен Фадил Цана, останатите пријавени на конкурстот се актуелните директори. Нови имиња нема. Со Гинекологија и понатаму ќе управуваат д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски. И на Клиниката за психијатрија нема промени, мандатот го доби актуелниот медицински директор, д-р Стојан Бајрактаров.

Стевановиќ е последна во смените на директорски позиции кои ги направи министерот за здравство Фатмир Меџити на клиники, кои според СДСМ во поделбата на колачот им припаѓаат ним. Најзвучна смена пред Стевановиќ беше на Клиниката за кардиологија, каде од позицијата беше тргнат Жан Зимбаков. 

Според информациите на ТВ  24 сменета на Стеванович ги кренала тензиите меѓу партиите на Ковачевски и Таравари . И оваа смена како и претходните според неофицијалните информации била некоординирана.  Според брифинг од Алијанса на Албанците  реакцијата од Меџити доаѓа како одговор дека  нивните кадри биле бојкотирани од министрите на СДСМ, поконкретно во ресорите  Култура и МВР.