Директорот на ОТА, Зоран Ангелоски: Незаконско прислушување нема, во моментов се следат комуникациите од 188 броеви
Foto

Директорот на ОТА, Зоран Ангелоски: Незаконско прислушување нема, во моментов се следат комуникациите од 188 броеви

Претседателот на Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев, денеска изјави дека е извршен увид во Оперативно техничката агенција (ОТА), истакнувајќи дека не се забележани неправилности во работењето на Агенцијата.

– Од она што беше ставено на увид и што можеше да го види Комисијата, ние во моментов не забележавме прекршување на процедурата и можеме да констатираме дека во моментов ОТА работи согласно законските прописи и подзаконските акти на институцијата, нагласи Димитриев.

Директорот на ОТА, Зоран Ангелоски посочи дека Агенцијата ги следи комуникациите на 188 броеви, наведувајќи дека најголем број од прислушувањата се извршуваат по барање на Управа за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност.

– ОТА работи согласно законските прописи во државата. Комплетно сите процеси се документирани и подложни на увид, како од Комисијата за надзор, така и од другите комисии кои се надлежни за надзор врз работата на ОТА. Незаконско прислушување нема. Не постои во Македонија, потенцираше Ангеловски.

Наведе дека се изработува Протокол со спецификации во однос на тоа врз што ќе може да се врши увид.

– Опремата која ја дадовме на увид, која ја виде Комисијата е толку софистицирана што во неа не е возможно да се направат какви било интервенции и да се сокријат одредени комуникации. Се што е сработено на таа опрема постои на соодветен запис и никој во тоа не може да влезе, истакна Ангеловски.

Посочи дека ОТА ги има потребните капацитети за да ги задоволи потребите на безбедносниот систем во државата. 

0 Коментари

Остави коментари