Директорот на Фонтот за иновации ја обвинува претходната власт за милионски злоупотреби

Речиси 60 компании под истрага поради злоупотреба на пари за фантомски проекти од 3,2 милиони евра и не се вратени во државниот буџет, објави директорот на Фондот за иновации, Никола Додов.

Директорот појасни и дека  некои приватни здравствени установи користеле фондови за време на ковид-кризата кога државното здравство беше во колапс. Како што истакна, долгот од приближно 3,2 милиони евра сè уште не е вратен во државниот буџет, а новото раководство презема мерки за наплата и веќе се наплатени речиси 600.000 евра. Внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи фирми поврзани со политички функционери.

Според директорот на ФИТР, наместо да се преземаат мерки против должниците, Фондот напротив вршел плаќања кон компаниите кои не ги почитувале закоските прописи и биле должници. Најави дека ќе се преземаат сите неопходни мерки за да се обезбеди транспарентност и одговорност во користењето на државните фондови. 

Во Фондот се само 8 лица вработени со редовен работен однос. Повеќе лица земале хонорари од 60-на илјади денари, не оделе на работа, а само тројца запишани со редовно работно време, дел запишани како „експерти“ одбивале да ги извршат своите задачи. Се работи на поднесување кривични, а на следната прес-конференција в.д. директорот Додов најави дека ќе извести поконкретно за кривичните пријави.