Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги покажа вештините преминувајќи со јаже преку кањон длабок 30 метри
Foto

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги покажа вештините преминувајќи со јаже преку кањон длабок 30 метри

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната спасувачка вежба ги покажа вештините преминувајќи со јаже преку кањон длабок 30 метри. Вежбата била во организација на Спелеолошката федерација на Македонија, а Ангелов ја покажа неговата вештините и опремата која што ја поседуваат членовите на федерацијата.

- Во знак на восхит, во знак на почит, во знак на длабок наклон кон овие храбри млади луѓе кои што ги ризикуваат своите животи за да спасат друг живот. Потребни се длабоки системски реформи за овие луѓе да бидат ставени во системот за управување со кризен менаџмент за нивните вештини да бидат на располагање за сите граѓани на кои ќе им биде потребно спасување или извлекување од непристапни терени, изјави Стојанче Ангелов.

На вежбата покрај Ангелов, присуствуваше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, чии единици исто така беа дел од оваа вежба. Од таму исто така упатија апел за промени во системот.

- Наша задача како ЦУК е да има длабоки реформи на целиот систем за да бидат отстранети сите недостатоци кои ќе ги детектираме или се детектирани до сега, истакна Стојанче Ангелов

Вежбата „Мрежичко“ беше изведена во кавадаречкиот регион, а кањонот, кој преку кој директорот на Центарот за управување со кризи поминуваше е длабок околу 30 метри.

0 Коментари

Остави коментари