Директорот на ЦИА Барнс и специјалните пратеници Мекгурк и Холштајн денеска во посета на Израел и Египет

Високи американски функционери, вклучително и директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и пратениците Брет Мекгурк и Амос Хохштајн, денеска ќе ги посетат Египет и Израел, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави дека командантот на американската централна команда, генерал Мајкл Ерик Курила, исто така е во регионот и ќе го посети Израел како дел од напорите на САД да разговараат за Иран, Либан и ослободување на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас. 

Најновиот дипломатски притисок доаѓа во време на напорите да се стави крај на непријателствата меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах.

На прашањето за можноста за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах во следната недела или две, Жан-Пјер рече дека Белата куќа се надева дека тоа ќе биде постигнато и дека е посветена на постигнување некаков дипломатски договор.