Директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор во полиција
Разрешената директорка на гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се појави на информативен разговор во демирхисарската полициска станица откако во петокот полиција изврши претес во нејзинот дом и на работното место и бараше таа на болничка носилка да биде спроведена за исказ во полиција.
Адвокатот на Лозановска Жарко Стеваноски за телевизија 24 вели дека тие денес се појавиле во полициската станица за информативен разговор, но од полиција им рекле дека ќе земат изјава ако Лозановска потпише дека самоволно дошла а не по покана.
Била изготвена нова покана за утре кога повторно лозановска треба да дојде во полицкста станица. Директорката заедно со адвокатот побарале во присуство на полицисски службеник да влезат во канцелатријата во училиштете за да се предаде печатот кој го бараше полицијата.
Лозановска беше разрешена по одлука на градоначалникот и по налог на просветниот инспекторат, поради , како што беше објаснето , неправилности во работењето. Експресно беше назначена нова диркеторка. Овој случај педизвика големо внимание во јавнсота – разрешувањето се случува непосредно пред изборите а полицискиот претрес во домот на Лозановса пак беше спроведен во доцните вечлерни часови, при што се бараше таа да биде спроведеа во полиција.
За началникот на полициската станца во демир хисар која ја водеше акцијата беше поведена дисциплинска постапка. Претходно Обвинителствотo информираше дека поради сомненија за Фалсификување и уништување деловни книги, локалната полиција од ОЈО Битола побарала да се издаде наредба за претреси на три локации – службени простории на училиштето, дом и автомобил на пријавено лице, односно на директорката. Денска дел од медиумите јавуваат дека при обидот да се сними случувањето во гимназијата, биле легитимирани од полицијата, бидејќи се воделе како непознати лица на настанот.

