Директорите на националните архиви од поранешна СФРЈ денеска се сретнаа во Скопје

Првите луѓе на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади седнаа на заеднички состанок во Скопје каде се разговараше за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство и негово дигитализирање што беше главен фокус на средбата.

Процесот за дигитализирање на целокупниот архивски материјал поединечно е потребно многу финансии, ниеден архив сам не може да го стори тоа, тој е скап процес и е потребно месеци па и години за реализација додаде директорката на босанскиот архив Даниела Мрда. 

- Неопходно е многу финансиски средства, ниеден архив во регионот ја нема таа можност ниту пари да издвои за истражувачките тимови на кои ќе им треба месеци па и години можеби во архивата на Југославија како би се од фондовите издвоиле материјалите неопходни за секоја држава која се однесува за нејзинато културно - историско наследство. - вели Дуда.

Хрватскиот директор Чутура влезе во вербална расправија со колегата од архив Југославија Терзиќ кој инсистира да бидат вратени архивски документи кои Белград ги има одземено од Загреб во минатото и проблемот да не се става под тепих.

Во 2001 година беше потпишана Спогодбата за прашањата за сукцесијата, која влезе во сила по три години. Прв заеднички состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори беше одржан во 2011 година во Белград. Анексот Д од Спогодбата предвидува дека дел од државниот архивски материјал на СФРЈ треба да ѝ припадне во оригинал на Македонија. Примената на овој Анекс што се однесува на заедничкото архивско наследство е од стратешко значење за сите држави од Југославија.