Дипломатски притисок: На Самитот на НАТО ќе седнат на преговарачка маса Скопје и Софија?

Има простор за решение - можна средба меѓу Скопје и Софија на маргините на Хашкиот Самит - ЕУ, НАТО и САД потготвени да седнат на масата како сведоци, се чека одоговор од Бугарија. 

Оваа го порачаа денеска од Скопје, шефицата на европската дипломатија Каја Калас и премиерот Мицкоски. 

Изјавија дека ЕУ и Македонија работат на механизми за деблокада на евроинтеграциите, но не открија повеќе детали. Мицкоски порача дека и дал потврден одговор на Калас за разговори меѓу Сиљановска и Радев во Хаг, каде на масата како сведоци ќе седнат претседателката на ЕК фон дер Лајен, претседателот на ЕС Кошта, Каја Калас, генералниот секретар на НАТО, дел од членките на Воената Алијанса меѓу кои и САД. 

Каја Калас висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ – Јасно е дека сакаме Северна Македонија навистина да се придвижи по овој пат и знаеме дека има пречки и тоа го дискутиравме, денес за да можеме да изнајдеме механизми за да се надминат тие пречки. Има простор каде може да направиме нешто. 

Христијан Мицкоски премиер на Македонија – Кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, тогаш е добро да се разговара. Ние веднаш тоа го прифативме. Не знам каков е одговорот од Бугарија, но ние тоа го прифативме и денеска повторно тоа заедно со г-ѓата Каја Калас разговаравме на таа тема и апсолутно ја потврдивме нашата определба. 

И додека се чека одговор од Бугарија а Мицкоски најави дека ги мобилизира силите со Сиљановска, шефицата на Европската дипломатија порача дека официјален Брисел се обидува да профункционира планот А, доколку тоа не успее, ќе се премине на следната фаза. 

Каја Калас  - Кога се префрлате на планот Б, тогаш планот А излегува од игра. Можеби ви звуцам како да зборувам шифрирано, но сакам да ви кажам дека се уште се надеваме дека планот А ќе профункционира и ќе биде успешен, работиме на тоа. Доколку не функционира, тогаш ќе преминеме на следната фаза. 

Мицкоски порача дека темата за средба во Хаг, се отворила уште за време на посетата на Скопје на претседателот на Европскиот Совет. Антонио Кошта тогаш порача дека ЕУ очекува да се исполни договореното и не е потребен план Б. Шефицата на државата, пак, пред неколку дена најави разговори со Радев со помош на Антонио Кошта.