Диодато победи на фестивалот Сан Ремо и е претставник на Италија на Песна на Евровизија
Foto

Диодато победи на фестивалот Сан Ремо и е претставник на Италија на Песна на Евровизија

Годинешниот фестивал на италијанската песна се одржува по 70ти пат во салата Аристон и повторно Италија од овој фестивал избира свој петставник за Песна на Евровизија, која ќе се одржи во Ротердам, Холандија.

Годинава водители беа машкиот тандем Амадео и пејачот Фиорело на кои им помагаше и италијанската спортска новинарка Дилета Леота.

Начинот на гласање и годинва се задржа на истиот принцип од изминатите години Годинава како посбени гости се појавија пејачката Џорџиа, Ема, Фиорела Маноиа, Елса, Џана Нанини и Лаура Паусини заедно со манекенката Алесандра Амбросио настапија со цел подигање на свеста за насилството врз жените.

Специјални гости на фестивалот беа и светскиот рекет број еден Новак Џоковиќ, кој заедно со Фиорело и Амадеус го запеа рефренот на хитот на Ерос Рамацоти, „Ветена земја“. На третата вечер на сцената излезе и девојката на Кристијано Роналдо, која на Амадеус му приреди изненадување. Во публиката седеше и славниот фудбалер кој на водителот му подари дрес со бројот 7. На сцената се појави и славниот италијански актер и оскаровец Роберто Бењини. Настапија и Тицијано Феро, славниот дует Ал Бано и Ромина Пауер, Цукеро, Дуа Липа. На сцената, по точно 20 години се појави и некогашната секс бомба на -тите Сабрина Селерно, која и на 51 година изгледаше сексипилно. Таа ја изведе песната Boys со која се прослави во 1987, благодарение на актрактивниот видео спот и беше дел од водителскиот тим на финалето.

Годинава специјален гостин беше Тони Ренис, кој сега има 81 година, и се појави во улога на диригент на неговата прославена нумера „Quando quando quando“ со која го освои четвртото место на истиот фестивал во далечната 1962 година во дует со Емилио Периколи. Овој пат ја отпеа шоуменот Фјорело.

Годинава емитувањето во живо беше приспособено и за глувонемите лица со тројца толкувачи на гласовниот јазик на специјален канал.

Во петокот беше избран победникот од категоријата Дебитанти. Со најголем број на гласови од публиката, жири комисијата и телефонското и смс гласање Лео Гасман победи во тесна трка со пејачката Текла.

На фестивалот, кој инаку не е познат по скандали, се лсучи и инцидент кога двајца пејачи кои настапуваа во вечерта на дуетите Морган и Буго кои инцидентот го предизвикаа на сцената. Нетрпеливоста меѓу нив кулминираше кога најпрвин Буго ја напушти сцената среде изведбата, а веднаш по него и Морган, по што на очиглед на публиката се слушнаа и навредувања и меѓусебни пцовки, бидејќи микрофоните не им беа исклучени. Телевизијата РАИ веднаш реагираше и двајцата ги дисквалификува од понатамошно натпреварување.

Финалето започна со интонирање на химната на Италија во изведба на националниот оркестар. Годинава, 24 песни се натпреваруваа за победа на фестивалот, но и виза за Песна за Евровизија во две категории, кои веќе настапувале и оние на кои ова им е прв настап на фестивалот. Најпрви заврши телефонското гласање, според кое пејачот Диодато освои најмногу гласови за песната „Направи врева“. Во конечната трка влегоа пејачот Диодато, Франческо габани и групата „Нуклеарни пингвини“.

Гласовите на публиката во салата и жири комисијата, телефонското и смс гласање, решија пејачот Диодато да ја претставува Италија на Песна на Евровизија. Тој освои најголем број на гласови и е победник на 70тото издание на Сан Ремо.

0 Коментари

Остави коментари