Динамично на седницата за пратенички прашања

Обвинувања и најава за тужби, седница на пратенички прашања претворена во лични расправи и навреди. Опозицијата прашува, власта премиерот и министрите одговараа. Која е вистината откако ВМРО-ДПМНЕ и денеска го адресираше прашањето до министерката за одбрана Славјанка Петровска за имотот во Радишани.

Петровска пак од говорницата со порака до пратеникот Ковачки да си се спрема со адвокат на суд, Ковачки пак му возврати и на Ковачевски дали по настанот на кој присуствуваше тој заедно со министерката за одбрана размислувал да побара нејзина оставка од владата. 

Не изостанаа ниту  прашањата околу новиот обвинител Абази како е избран откако пратеничката Гордана Силјановска Давкова меѓудругото побара оставка на републичкиот обвинител Јовевски на што пак министерот за правда Тупанчевски возврати дека изборот е направен по новиот модел кој бил усвоен и во Собранието. 

И на оваа седница не изостанаа актуелните прашањата околу студентскиот оброк, економската и енергетска криза но и прашањата за земјоделците откупот на тутун.