Димушевска во 24 анализа: Владата да сфати дека борбата против насилството е приоритет
Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во 24 анализа рече дека, при родово абзирано насилство или семејно насилство институциите не реагираат соодветно. Според неа, важно е на секој случај институциите да гледаат како индивидуален.
Таа објасни и дека потребно е Владата да сфати дека борбата против насилството е приоритет.
„Институциите регаираат но не реагираат соодветно. Постапиле но не направиле доволно. Она што го гледаме како проблем и верувам дека судиите и обвинителите нема да се согласат со мене бидејќи им требаат докази но на Центарот за социјална работа не му требаат докази за да изрече приверемна мерка за заштита. Имаме пример за сторено насилство каде е изречена мерка за заштита приверемна забрана за комуникација и доближување и привремена мерка за лекување и тој оди во болница престојува, привремента мерка што е изречена е во рок од 1 година и трае додека сторителот е во установа каде се лекува и тука опасноста е помала и сега сторителот треба да излезе од болница и ние бараме од Центарот продолжување на мерката. бидејќи ризикот е поголем и велат дека нема основа бидејќи немало насилство и тоа се случува и е проблем. Зошто ја изрекуваат ако не можат да ја продолжат ова е потрошена мерка што не ја завршила работа а не после година кога и треба не може да ја добие“, рече Димушевска.
Таа потенцираше и дека потребно е Владата да стави поголем акцент во борбата против насилството.
„Владата да сфати дека борбата против насилството е приоритет и ова не може да се случи без финансирање, сета таа поддршка чини пари и за нашата држава не е толку голема и не е приоритет. Треба да има пристапни центри насекаде. Ова се долги процеси. Пријавувањето не е само да се пријави, она што следува е тешко“, додаде Димушевска.