Димовски: Зголемувањето на минималната плата е егзистенцијална потреба на работниците
Потребата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е реална и егзистенцијална за работниците. Аргументите се на наша страна и не гледам причина да не биде прифатено нашето барање, вели во интервју за МИА претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Димовски посочува дека ваквото барање е неминовно имајќи предвид дека потрошувачката кошничка е 35.040 денари и дека на двајца работници кои земаат минимална плата им недостигаат 4.640 денари за да може да ги покријат минималните месечни потреби во семејството.
- Работникот тоа го очекува согласно ценовните шокови, енергетската криза. Ние немаме друга надеж освен да ни се зголемат платите и да преживееме во тековниот месец, нагласува Димовски.