Димовски за ТВ 24: За 40% е намален бројот на првачињата

Поранешениот пратеник Илија Димовски во емисијата 24 анализа истакна дека има индикатори кои може да се следат и бројот на родени деца во последните години е намален, како и бројот на запишани во училиште.

- Тоа е драстична бројка, за 40% е намален бројот на првачињата. Претходните години имаше во делот на показателите за новородиени деца имаше стагнација. Во последните години имаме пад. Исселувањето создава сериозни проблеми. За пет години ќе има сериозна криза во пензискиот систем. - рече Димовски.