Димовски за тв 24: Најмногу работни места се изгубени со договорите за определено работно време
Foto

Димовски за тв 24: Најмногу работни места се изгубени со договорите за определено работно време

Дарко Димовски од Сојузот на синдикатите во емисијата 24 Отворено потенцираше дека за  мај излегоа со проглас за што побрзо донесување на новиот закон за работни односи со кој ќе се регулираат правата на работниците, треба да се вреатат многу права кои се изгубени периодот.

„Најголем проблем е губењето на работните места по основ на договорите за работа на определено време. Сега законот за работни односи дозволува тој договор да трае до 5 години и тоа е голем период и се манипулира и од страна на работодавачите и на одредени партии. Тој договор не ни обезбедува никаква социјална сигурност ниту може да се планира иднината.“ - рече Димовски.

Затоа тие како Сојуз на синдикати сметаат дека тој договор треба да бидењ најмногу до 1 година и тоа во случај кога фабриката или претпријатието нема предвидено такво работно место.  Најголем број од работните места се изгубени толку со тој договор и тој договор не се предолжува, смета Димовски.

0 Коментари

Остави коментари