Димовски за ТВ 24: Над 405 000 граѓани воопшто не се попишани

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека пописот не е точен и дека 405 000 граѓани не се опфатени со пописот. Законот вели дека сите живеат тука, а дел не се опфатени сите.

- Не може да се земе како точен и ќе создаде многу институционални и управни проблеми. Имавме доста реакции од Турција и затоа пописот ќе создаде проблеми и франции внатре во општеството. Пописот може да се искорист како подготвителна база. Односот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, не може да се земе за точен. Над 405 000 граѓани воопшто не се попишани- рече Димов.