Димовски за Студио 10: Ако нема за нас, ќе нема ни за пратениците

Заврши блокадата во Автокамнда, целта е да се покаже и вработени во јавниот сектор заслужуваат покачување на платите.

„Ако нема покачување на платите, ќе нема ни за пратенциите кои не го гласаа амандманот, да не можат да ги наплатат патните трошкови. И не случајно беше блокиран влезот и излезот на град Скопје. Верувам дека пораката беше јасна, важи за сите пратеници и минситри кај кои не наидуваме на разбирање. Ако нема за работникот ќе нема за никој.“ - вели за Студио 10 Дарко Димовски, претседател на ССМ.

„Комисијата за финансирање и буџет доколку утре биде одложена, ќе ја посетиме министерка Јована Тренческа. Таа е министерка на работниците и да знае дека и она треба да покаже поголема грижа и разбирање, а не да бара одлагање на помирувањето.“