Димовски и Талевска на обвинителна клупа за случајот „Продуцент“
Новинарката Ивона Талевска и пратеникот Љупчо Димовски, кој е актуелен лидер на Социјалистичка партија, во Кривичниот суд се изјаснија како невини за случајот „Продуцент“, кој беше отворен од поранешното СЈО.
Екс министер за земјоделство се сомничи за злоупотреба на службата, бидејќи, според обвинителството во ноември 2009 година склучил договор со фирмата „Смарт центар“ во вредност од 50.000 евра која настапувала како продуцент на емисија која ја водела Талевска, а таа се води и како последен сопственик на фирмата. Обвинителството тврди дека процесот бил направен без спроведена јавна набавка.