Димовски: Допрва ќе се утврдува за вистинските причини и мотив за обидот за атентат врз Трамп

Какви пораки гледаат во инцидентот дел од безбедносните експерти? Со оглед на фактот што САД важат за една од најдобрите безбедносно осигурани земји. Според едни, сето ова е во контекст на претстојните претседателски избори, според други дека е дело на длабоката држава. Порака се гледа и во тоа што инцидентот се случи по самитот на НАТО во Вашингтон на кој се прослави 75 годишнината од најмоќниот воен сојуз во светот.