Димитровски за ТВ 24: Бугарија е загрижена дека би можело да дојде до ревизија на некои процеси
Зоран Димитровски генерален секретар на Демократскиот сојуз во емисијата 24 анализа рече дека Бугарија очигледно е загрижена дека би можело да дојде до ревизија на некои процеси и консензус минус 1 и по прашањето на проширувањето.
- Затоа инсистираат што побрзо да се примени тоа. Во однос на Бугарите, исто така реагираат како отпорот да е во македонската влада и дека правата на Бугарите тука се загрозени и тие треба да добијат уставен статус. Идејата е да се направи ревизија. Видовме дека минатата власт прифати под уцена одредени историски и индентитетски прашања да бидат дел од преговоите со ЕУ и да може Бугарија да става вето. Граѓаните не го одобрија тоа. Треба да се најде решение и нема ништо лошо да се продолжат разговорите. - рече Димитровски.