Димитровска: Предвидуваме смарт „легнати полицајци“ во Куманово, а потребни се столпчиња на сите тротоари
Foto

Димитровска: Предвидуваме смарт „легнати полицајци“ во Куманово, а потребни се столпчиња на сите тротоари

„Програмата која ја понудивме е пишувана на отворен начин, граѓаните ни ги пишуваа локалните проблеми. Најголемата општина во државата не смее да нема кино. Директно се залагам да се имплементираат сите проекти за млади. Градот мора повеќе да води сметка за зеленилото, не ги забораваме и руралните средини, гледаме како да го развиеме селскиот туризам. Веб страната на општината треба да е повидлива за граѓаните, потранспарентна. Не ги обвинувам граѓаните за нефункционирањето на системот. Кружниот тек олеснува, предвидуваме и смарт легнати полицајци. Огромен проблем се тротоарите кои се полни со автомобили. Требаат столпчиња во целото централно градско подрачје. Нудиме минимални субвенции за купување тротинети и велосипеди. Со само едно пајак возило не може да ги задоволи потребите, предвидуваме уште едно пајак возило“ - вели Tеодора Димитровска, движење „Одлучно за промени“ ЛДП/ДОМ во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари