Димитров за ТВ 24: Синдикатот треба да ги искористи сите правни можности за да го реши спорот до одземањето на Работничкиот дом

Ангел Димитров претставник на реалниот сектор во емисијата 24 анализа рече дека Синдикатот треба да ги искористи сите правни можности и да го реши спорот за Рабитничкиот дом. 

- Во краен сучај ССМ може да ја примени и одлуката да оди и на меѓународни судови и дека минималната плата растела низ годините. Очигледно има бизнис, а не политички интерес. Зградата е добар капитал и секој би посакала да ја има. Синдикатите може да претспостават кој има мотив и со кого се замериле за да дојде до судски процес. - вели Димитров.