Димитров за ТВ 24: Политиката не може да им нареди нешто на историчарите

Никола Димитров во емисијата 24 анализа истакна дека знаел каде може да води таква политика на наградување на ветото. три дена после новата влада, дојде првиот чекор икај сме денеска.

- Црвената линија е целосно отидена. Ставот дека може да иницираме уставни измени на крајот на процесот се претвори во ветување. И дојдовме до овој дебакл од предлог. Ако речеме дека јазикот е чист во преговарачката рамка дојдовме за неколку дена, шефот на дипломатијата да зборува за еден збор  што не дели од успех, а во два дена од повик бугарското собрание да не го усвојува предлогот, после усвојувањето, го нарече тоа голем напредок. Во такво топење на нашите позиции, реков дека е треба гласно да се повторат позициите за да ги слушнат сите, особено комесарот Вархеји, кој постојано игнорира што оваа земја вели. Тој нападна со еден фокус, вадејќи бугарска верзија на документот. Политиката не може да им нареди нешто на историчарите. - рече Димитров.