Димитров за тв 24: Мора да се опстане и здравствено, но и економски
Foto

Димитров за тв 24: Мора да се опстане и здравствено, но и економски

Ангел Димитров од Организација на работодавачи во 24 анализа истотака се согласува дека нашпата економија не би можела да издри целосно затворање. Имавме полициски час во април и ако ситуацијата продолжува да се влошува, ќе мора да се преземе нешто, но не тотално затворање.

„Не е само да се опстане здравствено, туку и економски.“ - вели Димитров.

Тој истакна дека нема држава каде што ковид не предизвикал турбуленции. Кај нив бројот на невработени нагло се зголемил.

„Ние се обидовме преку мерките на владата да ги задржиме работните места и тоа е причина што некои дел од секторите не добија помош. Оние кои земаа подршка се обидуваат да ги задржат работниците, зошто ќе треба да ја вратат помошта. Помошта не е мала, особено каде има повеќе вработени.“ - вели Димитров.

Главен критериум е падот на приходите. Кај нас се субвенционира компанијата ако има пад на приходи.

0 Коментари

Остави коментари